(ВИДЕО) Вулканска пепел „проголта“ камион
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2018
Видеото на кое се гледа како камион се обидува да излезе од облак со вулканска пепел во Гватемала го снимил патник во камионот, кого облакот од пепел од ерупцијата го стигнува среде пат. Во почетокот се гледа само како возачот го стартува моторот и врти на патот. Потоа, камерата се сврти наназад и се гледа како кон небото се извива висок сив облак.
За неколку секунди, облакот го покрива целиот пат. По некое време, возачот се обидува да продолжи да се движи, но е принуден да застане. Потоа се слушаат извици за помош од патот покриен со пепел и, очигледно, патниците во возилото се обидуваат да примат еден од оние што останале надвор.