(ВИДЕО18+) МОМЕНТОТ НА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Најмалку 36 загинати, повредени над 147
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2016
Безбедносните камери го забележале моментот кога дошло до експлозија на аеродромот во Истанбул, каде настрадаа најмалку 36 а повредени се околу 60 лица во трострукиот самобомбашки напад со автоматско оружје и бомби на Меѓународниот аеродром Ататурк.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/putintintin1/status/747891601582727169?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Според најновите информации, 36 лица го изгубиле животот, рекол синоќа премиерот Бинали Јилдирим на местото на тој најсмртоносен од трите овогодишни напади во најголемиот турски град, наведувајќи дека „трагите укажуваат на Исламска држава“. Министерот за правда Бекир Бождаг рекол дека 147 луѓе биле повредени.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AmichaiStein1/status/747880483334295552?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Според властите, експлозиите биле предизвикани на влезот на терминалите за меѓународни летови околу 22 часот по локално време. Тројца напаѓачи најпрво со автоматско оружје пукале на патниците и полицајците кои возвратиле на огнот, а потоа напаѓачите активирале бомби, што потсетува на џихадистите во Париз во ноември минатата година, со 130 мртви.
„Тројца бомбаши самоубијци го извршиле нападот“, рекол гувернерот на Истанбул. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган брзо во соопштение ја повикал меѓународната заедница на заедничка борба против тероризмот.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RamiAILoIah/status/747878783500288001?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Овој напад кој се случил во текот на месецот на рамазан, покажува дека тероризмот удир без разлика на вера или вредност“, рекол шефот на државата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/z7dEtkpTf2Q[/embed]