Добивај вести на Viber
Американскиот претседател Барак Обама во редовното годишно обраќање пред Конгресот ги повика законодавците од двете политички партии, заедно со Белата куќа да работат на опоравување на американската економија за да ја зајакнат средната класа. Тој порача дека има план за економско опоравување на САД.
Во првиот говор пред нацијата, откако е реизбран, претседателот Обама, најави амбициозен план за економско опоравување на земјата и намалување на долгот кој надмина 16 илјади милјарди долари.
„Наша недовршена задача е да да обезбедиме оваа влада да работи во име на мнозинството, а не само на малцинства, да поттикнеме слободно претприемништво, да ги наградими индивидуалните иницијативи и да ја отвориме вратата на можности на секое дете во целата земја“ истакна Обама во својот говор.
Американскиот претседател го повика Конгресот да ги спречи финансиските резови за воените и социјалните програми кои треба да стапат на сила на 1 март, ако до тогаш не биде усвоен буџетот и не започне сериозна реформа на даночниот систем.
Тој повика на поголемо трошење за предучилишното образование, средното образование и за обуки на невработени. Најави дека ќе потроши 70.000 милијарди долари за обнова на патишта и мостови. Повика на даночна реформа, на реформа за имиграцијата и на реформа за зголемување на минималната плата од 7,27 на 9 долари за час.
Кога станува збор за андворешната политика, американскиот претседател најави дека до крајот на оваа и почетокот на следната година терба да бидат повлечени 38 илјади американски војници од Авганистан, а ја спомна и најновата нуклеарна проба на Северна Кореа, истакнувајќи дека со ваквите потези Пјонгјанг станува се поизолиран во светот.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=K2ZWabkN8oo
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.