26 Септември, 2024
0.0275

ВИКЕНДОВ И НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ БЛИЗУ 0 СТЕПЕНИ: Ќе почне ли грејната сезона порано? Еве што велат метеоролозите

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

По долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси шорцеви и маички директно ќе ги облечеме јакните. Почнувајќи од овој викенд, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, вели метеорологот Славчо Попоски.

Температурите наутро речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени, понекаде  и под 5 степени. Локално, особено во Беровскиот регион и на повисоките места температурите се очекува да се спуштат до близу 0 степени. Секако, на повисоките планини ќе биде уште постудено каде температурите ќе се спуштат дури и под нулата.

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица во Македонија не се исклучува можноста да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи дека  и преку ден ќе биде значително посвежо.

Повремено сето ова ќе биде проследено и со пообилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и засилен ветер, што значи дека долготрајна стабилизација на времето нема на повидок. НАПОМЕНА: Поради продорот на многу поладен воздух од север, за време на викендот кој доаѓа, како и во текот на следната седмица, го очекуваме  и првото провејување на снег на високите планински места во Македонија (над 2000 м.н.в)“, вели тој.

Фото: Пиксабеј

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања