16 Јануари, 2025
0.0266

ВИКИЛИКС ПОВТОРНО ТРЕСЕ: Што се открива за Милошoски и извештајот на ОДИХР за изборите?

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Вчера на мета беа коалиционите партнери Ахмети и Груевски а денеска на удар на Викиликс се најде Антонио Милошоски.

Во денешниот документ Викиликс открива за притисоците на тогашниот министер за надворешни работи Милошоски кој тој го правел врз ОДИХР а се однесува на извештајот за изборите во 2008 година.

Според документот ( од 3-ти Јуни 2008 година) објавен на Викиликс Антонио Милошоски побарал од  Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ  да влијае на извештајот на ОДИХР во однос на изборите и сугерирал извештајот да го прифати позитивниот став на неговата партија.

Милошоски и сугерирал на Миловановиќ дека доколку се истакнат проблеми како измама, закани и насилства истите би претставувале закана за разгорување на меѓуетничките конфликти во Северозападна Македонија и затоа најдобро би било, како што тврдел тој, да се посочи позитивниот тон за внатрешната стабилност.

Меѓудругото, Милошоски барал со истото барање да се обрати до шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР, амбасадорот Роберт Бери.

Ваквото отворено барање били непријатно изненадување за амбасадорката која му посочила на Милишоски дека нема влијание врз независните извештаи на ОДИХР, и дека дури и кога би можела, не би упатила такви барања. 

Амбасадорката понатаму го советувала Министерот за надворешни работи да не сугерира дека нерегуларостите кои се лоцираат главно во етнички албанските области, не ја одразуваат сликата за Македонија како целина.

Додала дека Македонија е една земја, а Владата,преку бегање од одговорноста за спроведување на законите и гаранцијата на еднакви права на целата територија, придонесува за идејата за сепаратизам.

Таа му рекла на министерот дека за изборите да не пропаднат потребно е прегласување не само во околу 60 избирачките места затворени поради насилство или други сериозни нерегуларности, но и во сите останати избирачки места за кои постојат веродостојни извештаи за нерегуларности. 

Претставникот на Европсака унија подоцна не информираше дека  на 2 јуни дека Милошоски му се обратил со истото барање и дека тој бил подеднакво јасен во одбивањето да влијае на извештајот на ОДИХР.

Специјалниот претставник на ЕУ подоцна нé информираше дека на 2 јуни дека Милошоски му се обратил со истото барање и дека тој бил подеднакво јасен во одбивањето да влијае на извештајот на ОДИХР”, објавува Викиликс допис на амбасадата на САД.

Во истиот документ стои и коментар на Миловановиќ која вели дека барањето на Милошоски, и покрај победата, укажува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е загрижена дека нивниот мандат може да биде ослабен како резултат на критики во однос на спроведување на изборите. Ова е прв пат Владата на Република Македонија да прави обид да влијае на извештајот на ОДИХР, коментира амбасадорката.


Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено