16 Декември, 2025
0.2002

Vip успешна приказна со дизајнерката Росица Мршиќ: Ме инспирираат седумдесетите години

Објавено во: Македонија, VIP успешни приказни 12 Декември, 2018 08:00

Добивај вести на Viber

Повеќе години е присутна на домашнта модна сцена, препознатлива по уникатните и софистицирани колекции за жени кои ги креира. Модната дизајнерка Росица Мршиќ е секогаш интересен и актуелен соговорник. Во моментов е актуелна по подготовката на најновата колекција за есен– зима 2018, која е наменета за жени кои сакаат да постигнат независен визуелен идентитет. 

„Жената за која ги создаваме нашите колекции е модерна, софистицирана, самоуверена, жена на која ѝ е важен и дефиниран визуелниот аспект на нејзиниот идентитет. И најновата колекција на Росица Мршиќ Студио за есен – зима 2018  е наменета за жени кои сакаат да постигнат независен визуелен идентитет. Колекцијата е нежна и романтична, силуетата е опуштена и лелеава, а инспирацијата ја побарав во уметничкиот израз на 70-тите години, и ќе биде промовирана наскоро“,  ја започна својата приказна оваа шарматна дама.


Таа вели дека за неа, кариерата е низ на одлуки, активности и резултати што водат кон унапредување на сопствените можности, а крајната цел е реализација на идејата што е поставена како патоказ за она што сакаме да го постигнеме во професијата.

„Горда сум што успеав да ја реализирам мојата желба, да творам под сопствен бренд и да раскажувам многу модни стории низ годините“, вели Мршиќ.

Како и секоја модерна жена, вели дека социјалните мрежи ѝ помагаат во рекламниот дел на нејзината работа.

„Во ова дигитално време социјалните мрежи се многу повлијателни од традиционалниот маркетинг и тие нудат различни можности за привлекување на вниманието и интересот на јавноста. Тие нудат голем број предности за промоција на модните брендови и ние активно ги користиме за постигнување динамична комуникација со нашите клиенти и следбеници. Социјалните мрежи се совршен канал за модниот бизнис преку кои ние им се обраќаме на клиентите, им испраќаме информации, а веднаш може да го добиеме и нивното мислење и интерес за нашата работа. Тие нудат и проактивно однесување на публиката што придонесува потенцијалните клиенти да стигнат до нас. Најчесто ги користиме Фејсбук и Инстаграм“, открива Мршиќ која е верна на телекомуникациската компанија Вип. 


„Јас сум корисник на услугите на Вип и ги користам нивните услуги. Веќе неколку години ги користам моделите на Самсунг Галакси сериите. Сакам да фотографирам и за тоа ми е потребно при рака да имам квалитетен фото апарат, па затоа секогаш избирам мобилен телефон со такви карактеристики“, додава дизајнерката.

Според неа, една од карактеристиките на социјалните мрежи е што тие го максимизираат влијанието на фотографиите и видеата. 

“Ние активно ги користиме фотографиите за да се претставиме на нашата публика и секогаш инсистираме на нивен висок квалитет заради поверно доживување на нашите производи“, вели Росица која за крај е искрена дека сепак има мементи во кои сака да се одвои од телефонот. 

„Мобилниот телефон го користам како неопходно средство за комуникација, за деловни и за приватни цели. Но, сакам да одвојам време од денот за одмор и да не го користам телефонот. Посебно за време на патувањата и одморите можам да замислам и по неколку дена без телефон“, вели за крај Мршиќ.

Милица Џаровска


Можеби ќе ве интересира

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема повеќе да возам“

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема повеќе да возам“

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки