ВИРУСОТ ЗЕМА ЗАМАВ: На секои 7 минути умира по еден човек
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Октомври, 2020
Коронавирусот „коси“ во Иран.
На секои 23 секунди се заразува по еден човек во оваа земја, а на секои 7 минути има починат.
За 24 часа во Иран имало рекордни 3.825 новозаболени со Ковид-19, објави денеска Министерството за здравство.
Во земјата за 24 часа од коронавирус починале 211 луѓе односно на секои седум миниути бил пријавуван по еден смртен случај.
„Со рапидниот раст бројот на смртни случаи се искачи на 23.380, а над 460.000 луѓе се инфицирани со Ковид-19“, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Сима Лари.
Експертите бараат итно воведување на карантин.
Сепак оваа мерка не ја одобрува иранскиот претседател Хасан Рохани поради еконоската криза во земјата.
Во светот има 34.2 милиони заразени со коронавирусот, а во Иран вирусот е дијагностициран кај 461,044.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.