Добивај вести на Viber
Високи претставници од земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска во Торонто ќе учествуваат на форумот за деловна соработка и зголемување на инвестициите, во организација на реноменираниот Атлански совет на Канада.
Како што информираат од Агенцијата, директорот Фида во во Канада ќе ги презентира потенцијалите за инвестирање во Македонија.
На форумот бидат презентирани проектите од секторите на енергетика, рударство и минерални ресурси, градежништво и инфраструктура, како и проекти во секторот на туризам.
Покрај компаниите кои се заинтерсирани за соработка, гости ќе бидат и високи претставници од владиниот сектор на Канада. Исто така, ќе има презентации за јавно приватно партнерство, проследено со сведоштва на канадски компании кои инвестираат во регионот. Главната цел на овој настан е да се промовира регионот како платформа на инвестиции за канадските бизниси.
Покрај презентациите, Фида ќе оствари бројни средби со компании заинтересирани за инвестирање во Македонија, како и високи претставници од канадската влада.
Оваа иницијатива е поддржана од Министерството за надворешни работи и меѓународната трговија на Канада (ДФАИТ) и владината институција за поддршка на извозот и инвестициите (ЕДЦ)