16 Декември, 2025
0.1390

Висок претставник на УЕФА гостин на ФФМ

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2015 15:35

Добивај вести на Viber

Теодор Теодоридис, висок претставник на Уефа и одговорен на одделот за соработка со националните сојузи денеска има работна посета на Фудбалската федерација на Македонија и Владата на нашата земја.

На средбата со Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, високиот претставник на Уефа детално ќе биде запознаен со кандидатурата поднесена од нашата „Куќа на фудбалот“, градот Скопје и Националната арена „Филип Втори“ да бидат организатори на европскиот Супер куп на Уефа во 2017. година.

-Според бројките не сме голема федерација, но ние сме земја која се стреми кон големи работи и има неверојатна страст за фудбалот. Одушевени сме од патот по кој се движи УЕФА бидејќи во сите одлуки се чувствува љубовта кон фудбалот и почитта кон сите нации, независно од нивната големина или финансиски удел. Нашата кандидатура за организација на европскиот Супер куп е фантастична прилика малите земји да доживеат голем спортски настан.

Во разговор со г-нот Теодоридис потврдивме дека ќе ги искористиме сите свои адути за да покажеме дека Македонија и нашиот главен град во секој поглед ќе бидат подготвени за големиот настан. Се надеваме на поддршка на Уефа, градот Скопје и институциите кои би биле вклучени во остварување на големата цел за организација на европскиот Супер куп.

Многупати во изминатиот период делегациите на Уефа во своите заклучоци изразуваа пофалби за се она што ФФМ, заедно со Владата го работеше во насока на унапредување на нашиот спорт, уверен сум дека во тој правец и ќе продолжиме, изјави Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Влијателниот претставник на Уефа попладнево во Владата на Република Македонија ќе оствари средба и со Премиерот Никола Груевски. Одлуката за градот домаќин на европскиот Супер Куп 2016 година, Европската фудбалска асоцијација ќе ја донесе кон крајот на месецот на состанок на Извршенот комитет, до крајот на јуни ќе биде познато дали Скопје ќе ја добие довербата на Уефа за организација на настанот во 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави