13 Мај, 2024
0.0248

Витаминка успешно ги презентираше своите производи во Келн и во Дубаи

Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Македонска компанија Витаминка по третпат успешно се промовираше на најголемиот саем за храна и угостителство Гулфуд, што секоја година се одржува во Дубаи.

Во светскиот трговски центар, како дел од 20-то јубилејно издание на Gulfood, Витаминка се претстави со целосниот свој асортиман и отвори можности за проширување на деловноста на

Компанијата својата промоција годинава ја започна на ISM 2015, најголемиот саем за слатки ибисквити кој се одржа во Келн, Германија. Овој саем е дел од најголемата бизнис и комуникациска платформа во кондиторската индустрија.

„Настапи на саеми од типот на ISM 2015 и Gulfood се од големо значење за изложувачите бидејќи на овој начин се обезбедува пат до светските пазари. За нас, овој пат само се потврди фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, креирајќи конкурентна понуда за задоволување на сé пософистицираните барањаод страна на потрошувачите, ни се олеснува патот до глобалниот пазар. Без двоумење, манифестации како ISM или Gulfood, на Витаминка ѝ даваат можност за неверојатен поврат на инвестициите преку низа потенцијални соработки на глобално ниво“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

На саемот во Келн, Витаминка се претстави со целиот асортиман на грицки и слатки производи.

Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во оваа индустрија, фокусирајќи се главно на потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар на слатки и бисквити. На саемот во Келн учествуваа повеќе од 1500 производители од 65 земји од светот, а го посетија повеќе од 37 000 посетители од 140 земји од светот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Квалитетот и атрактивниот дизајн на широката палета производи го привлекоа вниманието на преку 250 посетители на штандот на Витаминка на Gulfood саемот, кои пројавија интерес за потенцијална соработка. Најголем интерес предизвика богатата програма на кексите, особено Карамел бисквит и интегралниот кекс Деспина, снек производите предводен од автентичниот Стоби Флипс и асортиманот на Бонитас, следени од оригиналниот Чоко Стоби Флипс и чоколадираните производи, чоколадните морски школки Атлантис и квалитетот на Цевитана.

Иновативниот производ Чоко ориз, пак, особено ги воодушеви посетителите од Блискиот Исток, Африка и Европа.

Gulfood е најголемиот светски саем за храна и угостителство, каде оваа година се претставија околу 4000 компании - изложувачи од преку 120 земји. Саемската манифестација е посетена од претставници на најразлични бизнис формати од производно-услужниот сектор за прехрана, меѓу кои, синџири на супермаркети, директни увозници, дистрибутери, агенти, производители на репроматеријали, компании од секторот на пакување производи, како и производители на најразлични современи машини.

Следниот саем каде што ќе се претстави Витаминка оваа година, е саемот SIAL во Шангај, Кина, што се одржува во месец мај.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН