Вклучи се во големата хуманитарна акција „ПОДАРИ НАСМЕВКАˮ заедно да соберeме еден милион насмевки!
Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2014 17:06
Неодамна, Стопанска банка ја започна хуманитарната акција „Подари насмевкаˮ во мисија да се соберат еден милион насмевки, и да се реализира донација во детските здравствени центри низ Македонија. Како што кажува името на акцијата „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ во неа може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне и тоа со едноставно подарување на својата насмевка,. Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира.
Учеството во хуманитарната акција е многу едноставно и достапно на повеќе начини. Можете да ја посетите Facebook фан страницата на Стопанска банка fb.com/NaVasaStrana/app_713741715354213?ref=hl, да ги следите упатствата, и да креирате или да прикачите своја постојна фотографија како се насмевнувате.
Насмевка можете да дарувате и на веб банерите поставени на најпосетуваните интернет страници, следејќи ги упатствата на екранот, или пак на фото-тотемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да ги следите упатствата испишани на екранот и едноставно насмевнете се со вашата најубава насмевка.
Насмевнете се и на концертите, забавите и театарските претстави низ градовите во Македонија, организирани по повод јубилејот 70 години Стопанска банка, каде ги поставуваме фото-тотемите и каде што се присутни нашите мобилни фото патроли.
Крајната цел на хуманитарната акција „Еден милион насмевкиˮ која очекуваме да биде масовно поддржана, е да се соберат 1.000.000 насмевки со што ќе се обезбеди значајна донација на медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава.
„Насмевката е универзален јазик на добрината, подари ја!“
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави





