05 Јули, 2024
0.0302

Влада: МАПАС троши многу пари

Објавено во: Економија 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Владата упати замерки за трошењето на парите во МАПАС, односно Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Со ова регулаторно тело раководи Булент Дервиши. На седница што Владата ја одржала на 29.12 2014 година, каде се разгледувал финансискиот план за 2015 година на Агенцијата, Владата и сугерирала на Агенцијата поинаква распределба на дел од парите од она што било предвидено во доставениот финансиски план. Односно, во финансискиот план било наведено дека за реклама и репрезентација Агенцијата ќе користи 800.000 денари, од кои 450.000 денари за репрезентација, а 350.000 денари за подигнување на свесноста на членовите на вториот и третиот столб. Но, Владата и укажала на Агенцијата дека сумите треба да бидат поинаку распределени, и поголемата сума односно 450.000 денари да бидат наменети за едукација на членовите на вториот и третиот пензиски столб. Дополнително, Владата укажала и дека Финансискиот план за 2015 година на Агенцијата нема споредбени податоци за планираните приходи и расходи во однос на реализираните приходи и расходи за претходата година. Поради што било побарано во корегираниот финансиски план да се достават и тие податоци. Исто така, Агенцијата, во првиот финансиски план сметала и дека висината на надоместокот што го наплатува Агенцијата за супервизија, и за 2015 година треба да остане во рамките на 0,8% од уплатените придонеси во сите пензиски фондови со кои управуваат друштвата, но Владата ниту за ова не се произнела поради недоволно податоци во финансискиот извештај. Агенцијата доставила финансиски план, но повторно имало проблеми кои се констатирани на седницата одржана на 10, март годинава, поради што од Владата упатиле ново мислење до МАПАС, во кое е наведено дека: „По разгледување на доставениот материјал, може да се констатира дека не е во целост постапено по забелешките доставени од страна на Министерството за финансии, односно не е извршена корекција на износите на ставките кои се однесуваат на непродуктивни расходи како што се такси превоз, репрезентација, услуги за реклами заради едукација на членовои на пензиски друуштва, изнајмување на сали и слично“, напишале од Владата. И повторно и потенцираат на Агенцијата да изврши дополнување и на овој коригиран финансиски план за 2015 година, во насока на намалување на непродуктивните расходи, како и да даде детално образложување на отстапувањата на одредени позции на расходната страна со 2014 година. Агенцијата, повторно доставува нови корекции и на веќе коригираниот финансиски извештај, па на владината седницата што се одржала пред дваесет дена, односно на 7 април, Владата конечно го одобриа финасискиот плана. Дала позитивно мислење за надоместокот што го наплатува Агенцијата, но сепак и во ова последно мислење и укажува на Агенцијата, дополнително да ги намали непродуктивните расходи, а особено е потецнирано да се скусат парите што се предвидени за такси превоз. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан