Владата демантира дека албанскиот ќе се учи задолжително
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019
Владата претпладнево ги демантираше медиумските шпекулации дека една од причините што Петар Атанасов поднел оставка од позицијата заменик-министер за образование поради тоа што постоела програма за учениците од трето одделение да го учат албанскиот јазик.
“Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов. На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество. Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес. Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик”, се вели во соопштението од Владата.
На социјалните мрежи се појави шпeкyлација дека од трето одделение, основците зaдoлжитeлно ќе го изучуваат во училиштата албанскиот јазик без разлика на нивната етничка припадност, а тоа беше пренесени од одредени медиуми блиски до опозицијата.
Во моментов со министерството за образование и наука раководи, Арбр Адеми кадар на ДУИ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.