Владата до 30 ноември ќе ги укине акциските продажби во маркетите
Објавено во: Економија 13 Септември, 2023
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денес на прес-конференцијата рече дека до Владата поднел предлог-одлука за забрана на продажба под промоција и акција на производи во маркетите во земјата до 30 ноември. Од вторник ќе биде донесена и одлука за замрзнување на цените на прехранбените производи. Замрзнатите цени ќе се однесуваат на оние од претходниот период.
- Можеби ова изгледа чудна одлука, бидејќи ќе им кратиме на граѓаните одредено намалување на цените, но тоа не е така, затоа што следната недела ќе следува одлука за замрзнување на цените во прехранбената индустрија.
Одредени ланци на маркети прават измама со можностите за акциска продажба и намалувања под одредени кампањи. Оваа можност ќе ја немаат до 30 ноември и граѓаните ќе знаат точно колку еден производ ќе биде, а не да се калкулира дневно или неделно со тие цени и да се доведат во заблуда потрошувачите. Со замрзнувањето на цените во прехранбената индустрија, ќе се знаат точно и концизно цените, односно утре дали и колку ќе биде намалувањето за да не им се дава можност на одредени трговци да прават злоупотреби, рече Бектеши и додаде дека храната во земјата поскапела за 47 отсто и е многу повисоко од странство.
Бектеши додаде дека утре ќе има состанок со претставници на седум или осум ланци на маркети и очекува пред да се донесе одлуката, тие за 10 отсто линеарно да ја намалт цената на сите прехранбени производи. Сепак, тој рече дека повеќе нема да има џентлменски договори со трговците, а одлуките ќе бидат објавувани една по една од следната недела во Службен весник.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.