Владата ги враќа цените во маркетите од 1 август
Објавено во: Економија 15 Септември, 2023
Премиерот Димитар Ковачевски денес како одговор на новинарско прашање рече дека најверојатно цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава.
Министерот за економија Крешник Бектеши вчера објави дека од среда ќе има намалување на 50-тина прехранбени производи со одлука на владина седница еден ден претходно, но не кажа кој датум ќе се земе како репер за старите цени што треба да се вратат.
Набрзо треба да следуваат и законски измени со кои маркетите ќе може привремено да се затвораат од инспекторите доколку не ги почитуваат старите ценовници. Ковачевски рече дека новиот бран поскапување се случувал по 1 август
-Ги анализиравме цените и практично, покачувањето се случува најмногу после 1 август, затоа го земавме како репер. Но, тоа не значи дека нема да се земат предвид и другите елементи, па и јули. Анализата се прави, сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена. Најважно е дека се носи мерка со која ќе бидат прекинати секакви можности за манипулација со промоции на цените и тоа што се одржа состанок на кој трговските ланци изразија волја за намалување на цената за најмалку 10 отсто, како и дека нема да биде земена како рефрентна цената денес, туку цената што се наоѓа во период зад нас, рече премиерот денеска претпладне.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.