ВЛАДАТА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ НАМИРНИЦИ - леб, сол, брашно, тестенини....
Објавено во: Економија 16 Март, 2020 21:50
Владата на вечерашнава седница донела одлука за замрзнување на цените на основните продукти.
Тоа значи дека трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените на основните производи повеќе од цената која е утврдена како референтна, а таа е цената што тие продукти ја имале на денот кога СЗО прогласи пандемија, односно 11 март, или пред 5 дена.
Ова за Фактор ексклузивно го потврди министерот за економија Крешник Бектеши.
Фактор дојде и до одлуката што ја донела Владата.
Станува збор за леб, сол, зејтин, млеко и млечни произвои, јајца, брашно, место, тестренини, лекови и дезинфекциони средства, со состојба на денот за прогласување од СЗО, освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.
За оние трговци што ќе прекршат овие првила и ќе ги зголемат цените, веројатно ќе следуваат казни.
Еве што пишува во владината одлука.

Според министерот Бектеши, Владата на овој начин се грижи да нема ценовни шокови, па затоа се преземат соодветни мерки согласно Законот за трговија.
Министерот претходно објасни дека како Влада не можат многу да влијаат на цената на увозните производи, но, како што нагласи, секако може да се влијае на висината на давачките што се плаќаат за нив во нашата држава.
Додаде дека има неколку варијанти да се интервенира доколку има големо зголемување на цените на увозните производи.
Бектеши најави дека ќе се преземат мерки и за помош на стопанствениците за да не ги
отпуштаат вработените, особено во секторите туризам и транспорт каде има
драстично намалување на работата.
Конкретните мерки за помош на стопнсттвениците ќе бидат познати во текот на денешниот ден.
Нина Нинеска-Фиданоска
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




