15 Јануари, 2025
0.0251

Владата издвои 615 илјади денари за првична санација на Трескавец

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата одлучи да се исплати еднократна интервентна парична помош во износ од 615 илјади денари за  санирање на првичните последици од пожарот во манастирскиот комлекс Трескавец.

Владиниот портпарол Александар Ѓоргиев попладнево изјави дека Владата го задолжила Министерството за култура најдоцна за еден месец да изработи комплетен проект за реконструкција и рестарвација на целокупниот манастирски комплекс, односно деловите кои беа опожарени во пожарот.

- На Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта  им е наложено да се интензивира работата кон изградба на патот кој води до манастирскиот комплекс Трескавец и очекуваме динамиката да биде засилена затоа што патот е потребен за вршење на градежните работи за реконструкција и реставрација на овој објект, рече Ѓоргиев.

По изработката на проектот за реконструкција и реставрација на опожарениот дел на манастирскиот комплекс Владата, најави портпаролот, согласно проценките и потребите кои ќе бидат дефинирани во рамки на овој проект треба да излезе со дополнителна финансиска поддршка која ќе значи инвестиција на средства во изведување на градежните работи за реконструкција и обновување на опожарениот дел на  манастирскиот комплекс.

Ѓеоргиев посочи дека Министерството за внатрешни работи  е на терен, прави испитувања и врши истрага околу причините кои довеле до појава на пожарот. - Сите информации кои досега ги имаме се на ниво на претпоставки, ќе почекаме МВР официјално да се произнесе околу причините поради кои настанал пожарот.  Формирана е и комисија која треба да направи проценка на штетата која е настаната и потоа да ја известиме јавноста за тоа колку ќе чини реставрацијата на опожарениот дел во манастирскиот комплекс, наведе Ѓорѓиев.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања