09 Ноември, 2025
0.0427

Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Саздовски, помош ќе има и од Општина Куманово

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2024 13:55

Добивај вести на Viber

Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Васко Саздовски, кој настрада вчера во Нови Сад, а помош најави и Општина Куманово. 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата ќе му помогне на семејството на Саздовски, кој вчера загина во трагичната несреќа во Нови Сад при уривањето на бетонската натстрешница на тамошната железничка станица.

„Во текот на вчерашниот ден се слушнав и комуницирав со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој воспостави контакт со неговиот српски колега. Работиме и ќе помогнеме се што е потребно за да, колку што можеме да ја ублажиме болката поради овој немил настан“, рече Мицкоски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница  на Совет на општина Куманово на која предлага да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад, поради настанатата несреќа, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

Градоначалникот на Општина Куманово во име на граѓаните на Куманово упатува сочуство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Р.Србија.

Македонски државјанин на возраст од 45 години е меѓу загинатите во страшната несреќа.

Можеби ќе ве интересира

Можни се поплави: Обилните дождови продолжуваат

Можни се поплави: Обилните дождови продолжуваат

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава

ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад

ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад

УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции

УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава

„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ

„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ

БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје

БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје

(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани

(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани

Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село

Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село