17 Декември, 2025
0.0506

Владата обезбедува стручна помош од странски експерти за фирмите

Објавено во: Економија 17 Септември, 2013 12:27

Добивај вести на Viber

Владата ќе спроведе проект преку кој ќе обезбеди стручна помош за компаниите со ангажман на странски експерти со цел да им помогне во работењето. Компаниите од денеска добиваат можност да аплицираат на владиниот јавен повик со кој ќе покажат интерес за добивање помош од странски експерти во различни области.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на прес-конференција информира дека за ангажирањето на експертите во најголем број случаи Владата ќе ги покрие целосно трошоците, а во определен број случаи по извршени анализи и консултации многу мал надомест ќе треба да обезбедат компаниите. За да добијат помош со ангажман на странски експерти компаниите што ќе аплицираат треба да имаат два последователни финансиски извештаи, односно да работат најмалку две години и да имаат повеќе од пет вработени.

Компаниите од приватниот сектор ќе може да аплицираат за користење стручна помош од странски експерти од различни области: земјоделство, прехранбена индустрија, туризам, градежништво, текстилна индустрија, информатички технологии, финансии...

- Особено се охрабрува пројавување интерес за користење експерти од областа на технологијата на работа на компанијата и техничко-технолошкиот процес што би можеле да придонесат за поголема ефикасност и ефективност во деловниот потфат, во обезбедување подобро производство и повисок принос, подобрување на дел од производствениот процес, како и повисока вредност и конкурентност на производите или услугите кои ги нуди компанијата, истакна Ѓорѓиев.

Апликациите ќе може да се достават во наредните 40 дена по писмен или по електронски пат до Владата.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди