05 Јули, 2024
0.1862

Владата објави како ќе гласи текстот со кој Бугарите и другите народи треба да бидат внесени во Уставот

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Утврден e предлогот за пристапување кон измените на Уставот, соопштија од Владата по одржаната 171-ва седница. 

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието. Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа со едногласна поддршка на содржината на текстот, по што точката е ставена на дневен ред на денешната владина седница на предлог на Министерството за правда.


„Интервенциите се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ“, соопштија од Владата. 

Од Владата велат дека направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот. 

„Со предложените Уставни измени, се зајакнува мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија. Нашата држава е успешен пример за функционална, мултиетничка демократија во регионот и во Европа и пример за почитување граѓански и човекови права, поради што на земјата со право се гледа како на Европа во мало. Покажавме на регионот, на Европа и на светот дека соживотот на различните заедници во државава, векови низ историјата и денес и меѓусебното почитување на различните традиции и култури се богатство и предност. Република Северна Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО да биде и полноправна членка на Европската Унија. Владата оценува дека пред граѓаните и државата е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Граѓаните заслужуваат да бидат европски граѓани, да имаат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја. Исто така, во услови кога во геополитичкиот контекст, нашите стратешки пријатели САД и државите членки на НАТО и на ЕУ во Република Северна Македонија гледаат фактор на стабилноста, ни доликува, како граѓани и како држава - доверлив партнер на демократската меѓународна заедница, да придонесеме во безбедноста на регионот и ЕУ. Од сите овие причини, Владата очекува конструктивност од сите политички субјекти претставени преку пратениците во Парламентот, совесност од сите пратеници и фокус кон постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија“, додаваат од Владата. 


Ваквата одлука на Собранието на Република Северна Македонија ќе овозможи одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023 година, отворање на поглавјата во преговорите, интензивирање на реформите и брзо членство во ЕУ.

Владата повикува на разум и свесност за актуелниот моментум во којшто државата ја има можноста да избегне повторна многугодишна изолација и напротив, конечно да ги реализира европските перспективи.

По синоќешната средба со раководството на ВМРО-ДПМНЕ денеска „вајмарската тројка“ министри за Европа на Франција, Германија и Полска во Парламентот се сретнаа со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи. Тие повикаа Македонија да направи уставни измени и велат дека од Софија нема да има нови барања. 

Можеби ќе ве интересира

„ТАРАВАРИ НАЗНАЧИ 11 ДИРЕКТОРИ НА КЛИНИКИ, ДЕСЕТ СЕ МАКЕДОНЦИ, ЕДЕН ТУРЧИН, НЕМА АЛБАНЕЦ“: „Секој ден се докажува зошто Алијанса мораше да остане со Албанците“-лавина реакции

„ТАРАВАРИ НАЗНАЧИ 11 ДИРЕКТОРИ НА КЛИНИКИ, ДЕСЕТ СЕ МАКЕДОНЦИ, ЕДЕН ТУРЧИН, НЕМА АЛБАНЕЦ“: „Секој ден се докажува зошто Алијанса мораше да остане со Албанците“-лавина реакции

„АКО НЕ, ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ ГОСПОЖА КАТИЦА ЈАНЕВА НА СПЕЦИЈАЛНА МИСИЈА“? Актерот Јовановски им се обрати на амбасадорите

„АКО НЕ, ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ ГОСПОЖА КАТИЦА ЈАНЕВА НА СПЕЦИЈАЛНА МИСИЈА“? Актерот Јовановски им се обрати на амбасадорите

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ФИЛИПЧЕ МУ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА КИРО ГЛИГОРОВ: Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?

ПРЕМИЕРОТ ПРАШУВА: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав?