Владата прифати нов анекс : Автопатот Кичево - Охрид ќе се гради уште две и пол години

Објавено во: Економија 18 Август, 2021 09:44
Владата по синоќешната седница објави дека е прифатен нов Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.
Според новиот анекс, се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата.
Според претходните информации на „Фактор“ кои ги објави минатиот месец, Владата еднаш веќе им испратила предлог анекс на договорот, но Кинезите го одбиле. Проблемот всушност пак се врзува на некаков начин со роковите на довршување. Владата барала Синохидро да довршува делница по делница и да ја пушта во употреба, а кинеската компанија на тоа не се согласува. Имено ако целиот автопат од Кичево до Охрид е во пет делници, Синохидро инсистирале во употреба да се пуштат сите заедно или пак барем евентуално прво две па останатите до крајниот рок. Сите овие несогласувања резултираат со тоа анексот до сега да не биде готов, иако беше најавено да биде пуштен на усвојување во Собранието до крајот на изминатиот јуни.
Сепак Фактор објави дека Договорот вреден над 8,2 милиони евра кој Јавното претпријатие за државни патишта го склучило со Градежен институт Македонија за надзор на докомплетирањето на градежните работи на автопатот всушност е нов трошок. Станува збор за условен договор кој се реалзиира кога ќе продолжи и изградбата, но тие пари секако се дополнителна сума која ќе ја покрива државата. Милионскиот договор веќе е објавен, а за надзорот Градежниот институт Македонија се здружува со скопската компанија Евро консалтинг.
На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој се гради од 2014 година.
Можеби ќе ве интересира
МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО АЛБАНИЈА: Колку заработуваат нашите западни соседи?

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Македонија може да ја искористи актуелната ситуација со царините и да почне директно да извезува во САД

СЕ НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унцата сега?

„СПРЕЧИВМЕ РАЗРАБОТЕНА ШЕМА НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ СО УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА“: Николовски за работата на Царина и растот на приходите

КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ ДРАМАТИЧНО ПОРАСНАЛ ВО МАРТ - испораките се зголемија пред најавените нови царини од САД

ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА - се намалуваат дел од цените по полноќ, но не сите

ИНТЕРВЈУ СО ТОНИ СТОЈАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА НЛБ БАНКА: Стратешки приоритет на НЛБ Банка е до 2030 година да биде целосно дигитална банка
НАЈГОЛЕМА Е БРУТО ГОДИШНАТА ПЛАТА ОД 213.286 ЕВРА: Само еден отсто од вработените во Германија го заработиле тој износ

САМО ДВА ДЕНА ОТКАКО БЕА ИЗЗЕМЕНИ - Трамп повторно најавува царини за паметните телефони и за компјутерите
