07 Април, 2025
0.1126

Владата прифати нов анекс : Автопатот Кичево - Охрид ќе се гради уште две и пол години

Објавено во: Економија 18 Август, 2021 09:44

Добивај вести на Viber

Владата по синоќешната седница објави дека е прифатен нов Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу  Јавното  претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.

Според новиот анекс, се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

Според претходните информации на „Фактор“ кои ги објави минатиот месец, Владата еднаш веќе им испратила предлог анекс на договорот, но Кинезите го одбиле. Проблемот всушност пак се врзува на некаков начин со роковите на довршување. Владата барала Синохидро да довршува делница по делница и да ја пушта во употреба, а кинеската компанија на тоа не се согласува. Имено ако целиот автопат од Кичево до Охрид е во пет делници, Синохидро инсистирале во употреба да се пуштат сите заедно или пак барем евентуално прво две па останатите до крајниот рок. Сите овие несогласувања резултираат со тоа анексот до сега да не биде готов, иако беше најавено да биде пуштен на усвојување во Собранието до крајот на изминатиот јуни. 

Сепак Фактор објави дека Договорот вреден над 8,2 милиони евра кој Јавното претпријатие за државни патишта го склучило со Градежен институт Македонија за надзор на докомплетирањето на градежните работи на автопатот  всушност е нов трошок. Станува збор за условен договор кој се реалзиира кога ќе продолжи и изградбата, но тие пари секако се дополнителна сума која ќе ја покрива државата. Милионскиот договор веќе е објавен, а за надзорот Градежниот институт Македонија се здружува со скопската компанија Евро консалтинг.

На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој се гради од 2014 година.


Можеби ќе ве интересира

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат