Владата забрани акции и промоции во маркетите
Објавено во: Економија 14 Септември, 2023
Владата нана денешната седница, како што беше претходно најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при нивно ставање во промет.
Исклучок ќе бидат единствено алкохолните и безалкохолните пијалоци.
Одлуката, објаснуваат од Владата, е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
„Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи“, соопштуваат од владината прес-служба.
Бектеши денес пред медиумите рече дека ќе може да се продаваат производи на акција единствено ако нивниот рок на употреба е пред истекување, но и дека тоа содржински ќе треба специјално да биде истакнато на продуктите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.