Владиката Петар напуштил театарска претстава, се симулирале сцени на секс
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2018 15:46
ладиката Петар си замина без да ја догледа претставата „Фигурај венерис хисториај“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во која имаше сцени со алузии на сексуален акт. Претставата беше прикажана синоќа на отворањето на 20. Интернационален фестивал на монодрама во Центарот за култура во Битола, објави СДК.
Претставата немаше голотии, туку сцени во кои актерите глумеле сексуални сцени. Битолчани што ја следеа претставата велат дека владиката си заминал токму кога на сцена неколку пара актери глумеле дека водат љубов.
Претставата е работена по најновиот текст од Горан Стефановски, кој за неговото дело има изјавено дека сложениот наслов на драмата крие многу проста порака, дека има нешто порнографско во историјата особено кога ќе дојде до големи колежи, со светските војни како круна на политичката порнографија. Претставата е во режија на Наташа Поплавска.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




