17 Декември, 2025
0.0503

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за ангажирање на Хоџа за советник мора да биде раскинат

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2018 14:35

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ и денеска на прес-конференција побараа ангажманот на Џезаир Шаќири Хоџа како советник на премиерот  Зоран Заев да биде раскинат.

„Денеска се навршуваат три години од крвавата битка на македонските безбедносни сили со терористичката група во кумановската населба Тоде Мендол. Македонија во таа битка во Диво Насеље загуби 8 полициски животи, а ранети беа 37 полициски службеници. Сеќавањата на 9 и 10 мај се врежани во колективната меморија на државата. Тие сеќавањата се болни. Но, уште поболно е што денеска советникот за безбедност на премиерот, Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, поставен токму од Зоран Заев, ги слави своите другари терористи и вели дека е горд што тие елиминирале 10 отсто од најсилната полициска единица во Македонија“- изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој рече дека Заев вчера ги понижил и полициските специјалци, прославувајќи еден од најтажните денови во новата македонска историја заедно со Рамуш Харадинај на Косово.

„Наместо да биде со семејствата на загинатите херои, Заев отиде на 9 мај на Косово чијашто влада финансиски ги помогна семејствата на терористите кои убиваа во Диво Насеље. Зоран Заев не смее со какви било измислици за меѓународни истраги да се обидува да ги ослободи терористите. Зоран Заев не смее да плаќа со пари на граѓаните советници кои ликуваат на погибијата на македонските херои“- вели тој. 


Додава дека ова лудило мора да запре. Договорот за ангажирање на Џезаир Шаќири Хоџа за советник мора да биде раскинат,  повтори Стоилковски.

Можеби ќе ве интересира

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР