ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е уцена
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2022 09:26
Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија.
Додаваат дека падна бугарската влада, а треба да падне и владата на Димитар Ковачевски во Македонија.
„Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите. Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија. Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции? СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот. Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш“, стои во соопштението.
Во земјава има критики за францускиот предлог кој вчера стигна во Софија, и е со цел Бугарија да го тргне ветото за Македонија за почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ).Медиумите објавија што содржи предлогот за јазикот и за внесување на Бугарите во Уставот.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




