ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прашува министрите само пред телевизија, не по ходниците
Објавено во: Македонија 26 Април, 2018 11:23
Драган Данев, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, уште на почетокот на пратеничките прашања во Собранието на РМ објави дека неговата партија нема да ја користи понудената можност да ги прашува министрите од Владата на паузата, туку само исклучиво на говорницата.
- Сакаме народот да слуша и да гледа што ќе прашаме и министрите директно на телевизија да дадат одговор. Немаме намера да прашуваме по ходни - рече Данев.
Во Собранието денеска започна седница за пратенички прашања, како што е вообичаено за секој последен четврток во месецот.
Оваа седница, која почна од 11 часот, би требало да се разликува од сите претходни, оти како што пред една седмица рече Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ, сите пратеници, па и опозициските, на иницијатива на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а во соработка со Националниот демократски институт, ќе може на паузата да им поставуваат директни прашања „очи в очи“ на премиерот и министрите.
Можеби ќе ве интересира
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме




