ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук повика на антивладин протест на 2 јуни
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018 15:13
ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук го најави антивладиниот протест за 2 јуни во 20 часот. Во најавата, oд партијата пишуваат дека власта ги враќала изборните долгови на штета на граѓаните.
„Реформите каскаат. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде“- стои во најавата за протестот.
ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ги повика сите разочарани од премиерот на протестот пред Владата.
„Ги распродаваат националните и државни интереси како да се во приватна сопственост на картелот Заеви. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“- се додава во најавата.
Овој антивладин протест се најавува подолго време, но неодамна беше утврден датум за неговото одржување.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




