ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2022 21:07
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ.
„На лудилото на власта и нема крај. Граѓаните денес беа сведоци на вистинското лице на насилниците на ДУИ И СДСМ како физички нападнаа свои колеги мавајќи со чаши по нив“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека наместо СДСМ да го осуди ваквото насилничко однесување на Арбер Адеми застана во одбрана на насилството и го поддржа ваквото скандалозно однесување
„СДСМ И ДУИ денес во Собранието демонстрираа сила и предизвикаа инцидент за да се дефокусира јавноста од она што тајно денес го реализираат. Неспособната власт сака да ја дефокусира јавноста од тајните преговори кои денес се водат во Софија за предавствата на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ. Ваквите мрачни сценарија нема да им поминат. Премногу е“, се додава во партиската реакција.
Од СДСМ обвинија дека Милошоски предизвикал тензии.На видеата се гледа како Адеми неколку пати го удри пратеникот Антонио Милошоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




