17 Декември, 2025
0.0525

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е образложението дека Хоџа самиот одлучил да се повлече

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 14:58

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека срамно е образложението дека таканаречениот Командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија. 

„Зоран Заев лаже! Ве повикувам заедно да ја слушнеме изјавата на Хоџа во која самиот тој кажува колку му е на него грижа за Македонија“- изјавиденеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додава дека Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои. 

„Јасно е дека Хоџа не го интересира дали Македонија оди напред или назад и дали државата функционира или не. Хоџа можеби сака некаква Македонија, но не унитарна и мултиетничка каква што е сега.  Заев пред да го именува таканаречениот Командант Хоџа за свој премиерски советник ги знаел овие негови ставови. Така што Зоран Заев лаже. Тој се сретнал со него и разговарале за позициите на Џезаир Шаќири кој се наоѓа и на американската црната листа. И покрај се, Заев одлучил дека тој е најкомпетентен да му биде советник за безбедност и борба против радикализам. Ваквото однесување на Зоран Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и нејзините институции е недозволиво. Зоран Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за Командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност“- вели Стоилковски. 

Пред само неколку дена дури и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата, смета Стоилковски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски