ВМРО-ДПМНЕ ЗА ХАОСОТ ВО СКОПЈЕ: Автобуси треба да се набават брзо, а не да стигнат после една година
Објавено во: Македонија 29 Август, 2024 17:37
Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека автобуси за Скопје треба да се набават брзо, а не да стигнат после една година.
Партијата реагира на обвинувањата од Град Скопје дека нивните советници не гласале за набавка на автобуси за потребите на граѓаните на Скопје. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека решение на Градот му треба од понеделник, а не после една година.
„Данела Арсовска не изнесе никаков план за решавање на состојбите во ЈСП и надминување на состојбите со хаосот со јавниот превоз. Нејзиниот единствен предлог беше задолжување на градот за набавка на нови автобуси кои би дошле по една година. Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е дека на скопјани не им треба решение по една година какво предвидува Арсовска и тоа преку ново милионско задолжување на градот, туку решение кое ќе почне да функционира од понеделник кога стартува новата учебна година. Тоа што СДС, ДУИ и Арсовска се обединија околу раскрчмување на градските ресурси говори за тоа колку неспособноста и криминалните мотиви се присутни при носењето на одлуки во Скопје. Арсовска не изнесе никаков план иако ветуваше решенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




