ВМРО ОЧЕКУВА УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ШТИП, ВЕЛЕС, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ.. - партиските претставници со првични резултати
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 20:18
Пратеникот од редовите на ВРМО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил споделува податоци за неофицијални резултати од изборите во повеќе општини, во кои се очекува да победат
Последна негова објава е за општина Сопиште каде според него ВМРО има 298 гласови, додека СДСМ 22.
Сподели податоци и за општина Велес, каде според објавата ќе имаат убедлива победа.
- Победа во Велес!! Велес моментално: ВМРО 6.337 СДСМ 1.309 - напиша Ѓорчев.
Тој исто така сподели информации и за Штип, каде исто така имаат убедлива победа според него. Тој објави Иван Јорданов ВМРО 2.771 - СДСМ 685 гласови.
Со сличен став се огласи и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој во изјава за Сител ги посочи градовите каде сигурно ќе имаат кандидати победници уште во првиот круг. „ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во првиот круг во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Јагуновце, Василево, Радовиш, Штип, Струмица после 20 години. Ќе имаме и во Босилово, Вевчани, Ново Село, и убедлива победа во Прилеп. За останатите општини се прелиминарни резултати каде тенденцијата покажува дека ќе ги добијат уште во прв круг - рече Милошоски.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




