20 Декември, 2024
0.0266

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ПРИМЕНА НА ОРТОБИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ВО ,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА"

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

На Одделот за ортопедија и трауматологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започна ново поглавје во клиничката практика. Станува збор за имплементирање на ортобиолошка терапија, односно користење на регенеративниот потенцијал на човечкото тело при давање на одредени природни супстанции.

Тимот на доктори од Одделот за ортопедија и трауматологија, вклучувајќи ги проф. д-р Игор Кафтанџиев, д-р Михајло Ивановски и д-р Дамјан Павлов изведоа три оперативни зафати каде што основната хируршка процедура беше надополнета со ортобиолошка интервенција. Пациентите беа оперирани во регионална блок-анестезија, која воедно овозможува и обезболување и брза мобилизација после операцијата. Анестезијата ја водеше прим. д-р Снежана Поповска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.

Станува збор за двајца пациенти со артроза (прерано стареење) на скочните зглобови поради претходна повреда и оперативен третман и еден пациент со руптура (раскинување) на Ахиловата тетива, како резултат на спортска повреда.

„Кај првиот пациент со артроза на десниот скочен зглоб, под артроскопска навигација, се инјектираа матични клетки што се добија по обработка во посебен апарат на аспират, добиен од коскената срцевина на горниот крај на десната тибија (големата писка). Kај другиот пациент со артроза на левиот скочен зглоб, под рендгенграфска контрола, се инјектираше висококонцентрирана автологна (сопствена) плазма, богата со тромбоцити, добиена по земање на крв од периферна вена и соодветна обработка во посебен апарат.“ изјави проф. д-р Игор Кафтанџиев, трауматолог и медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Кај пациентот со руптура на Ахиловата тетива, првично се направи отворена хируршка реконструкција на тетивата, а потоа се инјектираше висококонцентрирана автологна (сопствена) плазма богата со тромбоцити, дополнета со автологен серум богат со тромбин (добиени на идентичен начин како кај претходните двајца пациенти), со цел потенцирање на ефектот на обновување и зацелување на повредената тетива.

„Ни претставува чест што гости во нашата болница во овој период беа врвниот хирург од Р Хрватска, проф. д-р Марио Старешиниќ од Универзитетска клиничка болница „Меркур“ - Загреб, и д-р Ива Боровечки (Артрекс Адрија - Загреб) со кои заедно разменивме искуства и знаења за ваквиот тип интервенции.“ изјави проф. д-р Игор Кафтанџиев, трауматолог и медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Примената на ортобиолошките принципи овозможува да се намалат и ублажат тегобите со забавување на очекуваните компликации кај пациенти со артрозни промени на зглобовите и помагање на процесот на закрепнување кај пациентите со спортски повреди. Овој тип на услуга ќе биде дел од третманите кои ќе ги понуди идниот Центар за спортска и биорегенеративна медицина при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“

„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“

„Мириса на дома" – Кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста

„Мириса на дома" – Кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста

Д-р Нина Ангеловска во „Бизнис-клуб“: Во луѓето мора да се инвестира, тие се клучни, без разлика на тоа колку оди светот напред со технологијата

Д-р Нина Ангеловска во „Бизнис-клуб“: Во луѓето мора да се инвестира, тие се клучни, без разлика на тоа колку оди светот напред со технологијата

DACIA DUSTER е AUTOBEST – Best Buy Car of Europe 2025!

DACIA DUSTER е AUTOBEST – Best Buy Car of Europe 2025!

Toyota Professional - Сеопфатна поддршка за Вашиот бизнис

Toyota Professional - Сеопфатна поддршка за Вашиот бизнис

Поедноставување на патот на пациентите со рак - оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

Поедноставување на патот на пациентите со рак - оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

ELENA LUKA GROUP – добитник на наградата „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“

ELENA LUKA GROUP – добитник на наградата „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“

Брз и моќен makeup look за магичната сезона со dm и Милена Косиќ

Брз и моќен makeup look за магичната сезона со dm и Милена Косиќ

Samsung го проширува концептот AI Home на повеќе апарати за домаќинство реализирајќи ја визијата „Екрани насекаде“

Samsung го проширува концептот AI Home на повеќе апарати за домаќинство реализирајќи ја визијата „Екрани насекаде“