Toyota Professional - Сеопфатна поддршка за Вашиот бизнис
Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2024
Глобалната визија на TOYOTA да обезбеди решенија за мобилност за секого и да не остави никого зад себе, важи и за палетата на комерцијални/бизнис возила, визија која еолицетворена во програмата Toyota Professional.
Приказната на TOYOTA во производство на комерцијални возила датира од 60-тите години на минатиот век, кога го лансираше легендарниот Toyota Hiluxи Toyota Hiace во Европа. Оттогаш, овие возила се здобија со светска репутација за квалитет, издржливост и сигурност.
Во 2016 година, TOYOTA започнува да ја креира приказната за Toyota PROACE. Оттогаш, брендот ужива во растот на овие возила од година во година во Европа - и во однос на продажбата, но и во однос на уделот на пазарот.
Производната линија на комерцијални возила се зајакна со PROACE CITY кон крајот на 2019 година и дополнително со претставувањето на PROACE и PROACE CITY Electric во 2021 година.
Минатата година TOYOTA постигна рекордна продажба од 140.000 единици во Европа што претставува рекорден пазарен удел од 5,7%.
Стратегијата за комерцијални возила на TOYOTA е заснована на неколку столба:
- Понуда на силна и конкурентна палета на производи:
Toyota Proace City:
- комерцијална изведба со носивост до 1000 кг
- патничка изведба со можност за 6+1 места за седење
Toyota Proace:
- комерцијална изведба со носивост до 1200 кг
- патничка изведба со можност за 8+1 места за седење
Toyota Hilux:
- легендарното и ненадминливото теренско возило за движење без граници
Toyota Aygo X N1:
- Вашиот мини партнер за макси добивка
Toyota Proace Max- наскоро!
Грижа за клиентите на секој чекор од патот:
- Гаранција Toyota Relax - при редовно сервисирање на возилото во овластен Toyota сервисен центар клиентите добиваат 1 година дополнителна гаранција, до 10-тата година или 185.000 km.
- Финансирање на комерцијални возила- специјализирни пакети за финансирање кои се прилагодени на потребите на Вашиот бизнис
- Доколку се соочите со било каков проблем со Вашето возило, бесплатната помош на пат во рамките на 3 години е тука за вас, 24 часа на ден, 365 дена во годината, за да обезбеди помош за повторно движење на Вашиот бизнис или да го однесе возилото до најблискиот овластен TOYOTA сервисен центар на поправка.
Toyota Professional е многу повеќе од стратегија за комерцијални возила.
Во TOYOTA ги имаме ВИСТИНСКИТЕ производи, ВИСТИНСКИТЕ услуги, ВИСТИНСКИТЕ луѓе, но тоа е и ВИСТИНСКОТО место за да ги задоволиме потребите на секој бизнис.
За повеќе информации посетете ја веб страната: www.toyota.com.mk
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.