20 Декември, 2024
0.0354

Д-р Нина Ангеловска во „Бизнис-клуб“: Во луѓето мора да се инвестира, тие се клучни, без разлика на тоа колку оди светот напред со технологијата

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

„Во времето на формирањето на платформата „Групер“ е-трговијата не беше многу позната во нашата земја, па помалку од 1 % од луѓето купуваа виртуелно, а проблемите со кои се соочувавме ни беа мотив да одиме напред“, вели младата бизнисменка и првата жена министер за финансии, д-р Нина Ангеловска, во новото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.

Д-р Нина Ангеловска е претставник на помладата генерација на бизнисмени, која се соочува со предизвиците што ги носи новото време. Добар претприемач, личност која успешно се носи со сите функции, соосновач и извршен директор на „Групер“, првата македонска платформа за зделки и водечка македонска компанија за е-трговија од 2011 година, а денес директор за интернационален бизнис-развој во „Ананас“, платформа за виртуелно тргување.

Д-р Ангеловска дипломирала на отсекот Е-бизнис на Економскиот факултет – Скопје како студент на генерацијата и била наградена со „Френк Менинг“ за најдобар студент во генерацијата за економски науки во 2010 година. Магистрирала на истиот факултет на отсекот Е-бизнис, а докторирала во областа на менаџментот. Победата на Националниот натпревар за најиновативен бизнис-план ѝ ги отвора вратите за нејзината успешна кариера.

Препознавањето како една од 100-те најуспешни жени основачи на старт-ап бизнис во Европа (100 Female Founders Europe) од еминентниот германски магазин „Стоте“ (The Hundert) во 2016 година и наградата со престижното признание „30 под 30“ (30 Under 30) за Европа на магазинот „Форбс“ (Forbes) во категоријата малопродажба и е-трговија ќе ѝ ги отворат можностите да стане првата жена министер за финансии во РС Македонија во 2019 година.

Според д-р Ангеловска, прифаќањето на министерската функцијата била можност да ја заокружи својата приказна преку искуството во приватниот сектор со основањето на свој сопствен бизнис, видувањето како претприемач, меѓународно признавање како успешен менаџер, искуство од невладиниот сектор и на крај да придонесе преку работењето во Владата.

„Влегувањето во Владата е една од моите најтешки одлуки. Тоа е исклучително одговорна позиција. Но главниот мотив беше можноста да се прават промени однатре, затоа што претходно ги туркав промените однадвор, а желбата за промена е клучниот двигател“, потенцираше д-р Ангеловска.

Д-р Ангеловска го иницирала формирањето на Првата македонска асоцијација за е-трговија, каде што била претседател до своето влегување во Владата; членувала во Европската асоцијација за е-трговија и за повеќеканална трговија (EMOTA), а во 2019 година УНСТАД (UNCTAD) ја признал како една од седумте глобални застапнички за жени во е-трговијата. Како консултант за развој на бизнисот, дигиталната економија и на е-трговијата, смета дека луѓето се клучни и дека во луѓето мора да се инвестира.

„Во луѓето мора да се инвестира. Луѓето се клучни, без разлика на тоа колку оди светот напред со технологијата. Улогите ќе се менуваат, работните позиции ќе се менуваат. Со технологијата може многу повеќе да се направи, но сѐ зависи од луѓето како ќе ја употребат, а со тоа и колку ќе останеме конкурентни глобалноИскуството покажа дека зголемувањето на платите и мотивираноста на луѓето не придонесуваат за зголемување на продуктивноста. Мора многу да се работи на ова поле. Продуктивноста е клучна ако сакаме да одиме напред, истакна д-р Ангеловска.

За Стопанската комора првпат слушнала додека била на факултет, а подоцна станала дел од Комората преку членството во одборите на Стопанската комора на Македонија како млад бизнисмен и претприемач.

Целиот разговор на линкот подолу.

Biznis klub so Branko Azeski | Gostin: Nina Angelovska | S01E04

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“

„Арс Ламина“ ја објави првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик – „Дом во тишина“

„Мириса на дома" – Кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста

„Мириса на дома" – Кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста

DACIA DUSTER е AUTOBEST – Best Buy Car of Europe 2025!

DACIA DUSTER е AUTOBEST – Best Buy Car of Europe 2025!

Toyota Professional - Сеопфатна поддршка за Вашиот бизнис

Toyota Professional - Сеопфатна поддршка за Вашиот бизнис

Поедноставување на патот на пациентите со рак - оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

Поедноставување на патот на пациентите со рак - оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ПРИМЕНА НА ОРТОБИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ВО ,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА"

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ПРИМЕНА НА ОРТОБИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ВО ,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА"

ELENA LUKA GROUP – добитник на наградата „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“

ELENA LUKA GROUP – добитник на наградата „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“

Брз и моќен makeup look за магичната сезона со dm и Милена Косиќ

Брз и моќен makeup look за магичната сезона со dm и Милена Косиќ

Samsung го проширува концептот AI Home на повеќе апарати за домаќинство реализирајќи ја визијата „Екрани насекаде“

Samsung го проширува концептот AI Home на повеќе апарати за домаќинство реализирајќи ја визијата „Екрани насекаде“