Добивај вести на Viber
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2012 година се регистрирани 4.729 слободни работни места, од кои најмногу во преработувачката индустрија.
Стапката на слободните работни места изнесува 1,23%.
Највисока стапка на раст на слободни работни места има секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација која изнесува 2,65%, додека најмала е стапката во секторот дејности во врска со недвижен имот која изнесува 0,17%.
Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,45%.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,22%. Најголем број на слободни работни места, односно 992, има во групата на занимања работници во услужни дејности и продажба