Добивај вести на Viber
Бројот на туристите во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 4,5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0,5%, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Заводот во декември се регистрирани 31.396 туристи, а бројот на ноќевањата изнесува 63.260.
При тоа, бројот на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 7,1%, а бројот на странските туристи е намален за 2,1%.
„Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 1,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,1%“ се вели во извештајот од Заводот за статистика.
На годишно ниво пак, бројот на туристи во 2012 година е за 2,5% поголем, споредено со 2011 година, при што, кај домашните туристи има намалување за 2,4%, а кај странските зголемување за 7.3%.
лани, споредено со 2011 година, бројот на ноќевањата е намален за 1,0% и тоа кај домашните туристи има намалување за 5,5%, а кај странските
зголемување за 7,5%.