Во дел од скопските училишта ќе има настава со физичко присуство во сите одделенија:И оние што ќе учат онлајн, ќе бидат оценувани во школо
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020
И покрај
одложениот почеток на новата учебна година, која вообичаено почнува на
1.септември, а годинава поради епидемијата на ковид ќе започне на 1.октомври,
сепак нема да има нејзино продолжување и по 10.јуни.
Министерката за образование, Мила Царовска денеска најави дека се работи на скратени програми, а Законот гарантира дека скратената програма нема да биде под 100 часа.
-Овој пат Бирото за развој на образованието ги крати програмите за само бројот на денови што би требало да го надминат 10 јуни, за да можеме да ја завршиме школската година на 10 јуни, а притоа септември ни е празен. Ќе имаме 159 денови кои ќе треба да се адаптираат во програмата, наместо 180. Бирото ги работи и денес треба да бидат доставени до мене. Секако се поедноставува програмата затоа што часовите ќе траат 30 минути и сите овие програми со упатство за употреба ќе треба да бидат доставени до училиштата во петок, изјави министерката, којха што денеска имаше средби со директори на основни и средни училишта.
И покрај тоа што дел од учениците ќе имаат настава онлајн, сепак проверката на усвоените знаења ќе биде со физичко присуство.
-Се подготвува посебно упатство за оценување, бидејчи тоа ни е исклучително важно затоа што онлајн наставата треба да го даде максимумот, а во претходната учебна Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.
Инаку, дел од скопските основни училишта денеска најавија дека имаат услови наставата да ја реализираат со физичко присуство за сите ученици. Такви се ООУ „Лазо Трповски“ и ООУ „Аврам Писевски“ во Општината Карпош, а доколку родителите се изјаснат нивните децата да ја следат наставата со одење во училиште, директорите на овие две скопски училишта, рекоа дека има безбедни услови со запазување на сите протоколи.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.