ВО ЕУ МАЖИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОД ЖЕНИТЕ: Која земја е исклучок?
Објавено во: Економија 24 Декември, 2024
Луксембург е единствена држава во Европската Унија(ЕУ) каде жените се поплатени од мажите.
Како што објави Евростат, мажите во ЕУ во просек заработуваат за 12,7 отсто повеќе од жените, а Луксембург е единствената земја меѓу членките каде просечните плати на жените се повисоки од оние на мажите и тоа за 0,7 проценти.
Родовиот јаз на платите во корист на мажите е најголем во Естонија и изнесува 21,3 отсто, а зад неа е Австрија со 18,4 и Чешка со 17,9 проценти. Во Германија разликата на платите изнесува 17,7 отсто, а во Франција 13,9 проценти.
Најмал родов јаз во платите, под пет отсто, има во Италија од 4,3, Романија од 4,5 и Белгија од скоро пет проценти.
Од државите во регионот, разликата во платите меѓу половите е најголема во Бугарија од 13 проценти, кој е и единствена над просекот на ЕУ, а во Хрватска изнесува 12,5, во Грција 10,4, а во Словенија 8,2 отсто.
Во сите земји на ЕУ, мнозинство од менаџерите биле мажи, додека најголем удел на жени на раководни позиции имало во Летонија од 46 отсто, пред Полска и Шведска со по 43 проценти. Најмал удел на жени менаџери имало во Кипар од 21 отсто, пред Луксембург од 22 и Холандија од 26 проценти.
foto freepik.com/claudiodiv