Во Хрватска 470.000 гласачи повеќе од возрасни државјани

Објавено во: Балкан 18 Септември, 2023
Во Хрватска сe намалува бројот на жители, бројот на родени деца и бројот на бракови - но се уште има прекумерен број гласачи, т.е ги има речиси 470.000 повеќе отколку што има возрасни лица, а ова е во пресрет на парламентарните избори во 2024 година, пишува Вечерњи.лист.
Според последните податоци на Министерството за правда и администрација објавени во септември, во избирачкиот список на 30 јуни 2023 година има 3.645.340 гласачи со живеалиште во Хрватска и со хрватско државјанство.
И покрај тоа што според пописот од 2021 година, Хрватска имаше 3.871.833 жители, од кои 666.876 малолетни и 29.515 странци кои не можат да бидат гласачи, последните податоци од Министерството за администрација покажуваат дека таму има запишани 3.645.340 гласачи или 469.898 повеќе од полнолетни.
Дополнително, неодамнешната проценка на Државниот завод за статистика е дека Хрватска во средината на минатата година имала 23.340 жители помалку од пописот во 2021 година. Особено кога ќе се земе предвид дека меѓу повеќе од 46.000 граѓани кои емигрирале во 2022 година, над 70 отсто биле хрватски државјани, а меѓу речиси 58 илјади доселени лица, од кои 82 отсто се странци, јасно е дека реалниот број на гласачи во Хрватска денес може да биде само поголем од 470 илјади, пишува „Вечерњи лист“.
Можеби ќе ве интересира
Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка

Зошто Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан?

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица
