23 Мај, 2024
0.0293

Во клубот на ултрабогатите: Расте бројот на милијардери

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Бројот на милијардери во светот  е веќе прилично импресивен, но продолжува да расте. Според податоците на UBS од 2018 година и извештајот за милијардери на PwC, во минатата година имало 2.158 луѓе кои се вклучија во ултрабогатниот клуб, од 1979 до 2016 година. Од нив само 11 отсто се жени.

Вкупното богатство меѓу милијардерите, исто така, се зголеми од 19 отсто во 2017 година на рекордни 8.900 милијарди долари. Растот на богатството во Кина е особено импресивен, со пораст од 39 отсто забележан минатата година, наспроти 12 отсто на целиот американски континент и 19 отсто во Европа, пренесе „Business Insider“.

Милијардерите во просек имаат нешто повеќе од 4,1 милијарда долари одделно. Од 332 нови бизниси регистрирани во 2017 година, 119 се независни изведувачи, од кои 89 се од Кина. Меѓу овие новопечени милијардери, може да се најдат од ,,иноватори вклучени во сè како од блокчејн до кредитирање на генетика и зелена енергија", вели студијата.

Ова се 19 земји со најголем број милијардери во светот, според UBS и PwC.

16. Тајланд

Во Тајланд сега има 30 милијардери - што е зголемување од 43 отсто од бројот на милијардери од претходната година.

15. Шведска

Моментално во Шведска има 32 милијардери, што е еднакво на 3 отсто зголемување на бројот на милијардери што живеат таму во споредба со претходната година.

14. Тајван (на исто место со Јапонија)

Тајван оваа година за разлика од претходната забележа зголемување од 13 отсто од бројот на милијардери кои живеат во земјата – каде во моментов живеат 35 милијардери.

14. Јапонија (на исто место со Тајван)

Според рангирањето на UBS и PwC, во Јапонија сега има 35 милијардери – што претставува  6 отсто зголемување на бројот на милијардери во земјата од претходната година.

13. Турција

Податоците покажуваат дека во моментов има 36 милијардери во Турција, што претставува зголемување од 24 отсто во бројот на милијардери кои живеат таму.

13. Швајцарија

Оваа година Швајцарија забележа зголемување од 3 отсто на бројот на милијардери кои живеат во земјата, каде што во моментов живеат 36 милијардери.

12. Франција

Рангирањето покажува дека во Франција во моментов живеат 40 милијардери, што е еднакво на 3 отсто зголемување на бројот на милијардери таму во споредба со претходната година.

11. Бразил

Според рангирањето на UBS и PwC, во Бразил сега има 42 милијардери - кои претставуваат  5 отсто намалување на бројот на милијардери во земјата од минатата година.

10. Италија (на исто место со Австралија)

Додека Италија има ист број милијардери како Австралија, значително се намалил бројот на милијардери во оваа земја. Во однос на претходната година, бројот на милијардери кои живеат во Италија се зголемил за 2 отсто, а во моментов во Италија живеат 43 милијардери.

10. Австралија (на исто место со Италија)

Рангирањето покажува дека во моментов има 43 милијардери во Австралија, што доведува до раст од 26 отсто во бројот на милијардери кои живеат таму во споредба со минатата година.

9. Јужна Кореја

Јужна Кореја е трета држава по ред со најголем број милијардери во Источна Азија.  Според рангирањето на UBS и PwC, сега во Јужна Кореја има 44 милијардери - што е 16 отсто зголемување на бројот на милијардери од претходната година.

8. Канада

Од година во година, бројот на милијардери кои живеат во Канада се зголемиле за 28 отсто, каде во моментов живеат 46 милијардери.

7. Велика Британија

Велика Британија  доживеа пад на бројот на милијардери во земјата. Според UBS и PwC, сега има 54 милијардери во Обединетото Кралство – што е пад за 2 отсто на бројот на милијардери од минатата година.

6. Хонг Конг

Хонг Конг, исто така, забележа намалување на бројот на милијардери во земјата. Оваа година за разлика од претходната, Хонг Конг забележа 3 отсто намалување на бројот на милијардери кои живеат во земјата, каде во моментов живеат 67 милијардери.

5. Русија

Во однос на минатата година, Русија забележа зголемување од 5 отсто во бројот на милијардери кои живеат во земјата, од кои 101 милијардер во моментов живеат таму.

4. Индија

Според рангирањето, во Индија сега има 119 милијардери - тоа е пораст од 19 отсто од минатата година.

3. Германија

Германија веќе има значителен број милијардери кои живеат во земјата, но забележа мал пораст од минатата година. Рангирањето покажува дека во моментов во Германија живеат 123 милијардери, што претставува  5 отсто зголемување на бројот на милијардери во земјата во споредба со претходната година.

2. Кина

Според UBS и PwC, сега има 373 милијардери во Кина - што е пораст од 5 отсто од бројот на милијардери од минатата година.

1.САД

Бројот на милијардери во САД кој веќе беше значителен, постојано расте. За разлика од претходната година, бројот на милијардери кои живееат во САД се зголеми за 4 отсто, со што во моментов во САД живеат 585 милијардери.


Фото: weniliou/Shutterstock

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании