Во кои делови на Европа има најмногу долгорочно невработени лица?
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2025 16:23
Секој трет невработен Европеец е без работа најмалку една година.
Вкупно 4,2 милиони луѓе во Eвропската Унија(ЕУ) во 2024 година спаѓале во категоријата на „долгорочно невработени“, што значи дека еден од секој трет невработен Европеец е без работа најмалку една година, покажуваат податоците на Европската статистичка служба (Евростат).
За „долгорочно невработени“ се сметаат работоспособните лица на возраст од 15 до 74 години, кои се без работа најмалку 12 месеци во континуитет.
Според Евростат, стапката на долгорочна невработеност во ЕУ во 2024 година изнесувала 1,9 отсто.
Од вкупно 195-те статистички региони на ЕУ за кои има достапни податоци, во 82 е регистрирана стапка на долгорочна невработеност поголема од европскиот просек, во 106 помала, а во седум на ниво на просечната стапка.
Во шпанските автономни регион во Северна Африка, Мелиља и Сеута, оваа стапка изнесувала 16,3, односно 15,8 проценти, по што следува францускиот карипски остров Гвадалупе со стапка на долгорочна невработеност од 11,4 отсто.
Стапка од најмалку осум отсто е регистрирана во италијанските региони Кампања со 9,9, Калабрија со 8,3 и Сицилија со 8,0 отсто, како и на францускиот остров во Индискиот Океан, Ренион со 8,2 проценти.
Стапка на долгорочна невработеност под еден отсто има во сите региони во Данска и Холандија, на Малта, која се смета како единствен регион, како и во северна Белгија, северозападна Унгарија и во делови на Австрија, Полска и Чешка.
„Европски шампиони“ со најниска стапка на долгорочна невработеност од 0,4 отсто се чешките региони Прага и Средна Чешка и холандските Утрехт и Северен Брабант.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




