Во кој српски град цената на квадрат чини 5.600 евра?
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2025 20:18
Пазарот на недвижности во Република Србија во првата половина од 2025 година вредел 3,8 милијарди евра, што претставува зголемување од 11,9 oтсто во споредба со првата половина од 2024 година, објави Републичкиот геодетски завод.
Бројот на купопродажни договори изнесуваше 60.964, што претставува мало зголемување од 0,5 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во овој период, исто така, продолжи умерениот раст на цените на становите со годишна стапка на раст од 5,78 отсто.
Најголемиот број купопродажни договори е на подрачјето на Основниот суд во Нови Сад.
Просечната цена на стан во стара зграда во Нови Сад во првата половина од оваа година е 2.150, а на нова зграда 2.147, додека максималната цена не надмина 5.560 евра во нова зграда, односно 5.600 евра во стара зграда, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод.Вредноста на пазарот на недвижности во Нови Сад е 462,8 милиони евра, пренесува B92.
foto Wikipedia/
Vanja Kovac
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




