14 Јануари, 2025
0.0260

Во која насока ќе тргне опозицијата по денешниот Конгрес на СДСМ?

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 20-тиот конгрес. На него ќе се обрати претседателот на партијата Зоран Заев кој по работниот дел, ќе ги соопшти и донесените заклучоци и одлуки на делегатите. Освен за форматот на настапот на изборите делегатите на Конгресот на СДСМ, ќе дебатираат и околу планот на СДСМ во однос на итните програмски приоритети кои ќе им бидат презентирани со конкретни рокови.

„Главен акцент ќе ставиме на нашиот план, на нашата програма и приоритети што да се прави во првите шест месеци, што ќе направиме во првите две години. На кој начин конкретните проблеми на граѓаните, невработеност, нискиот животен стандард, слабиот квалитет на живот, на кој начин планираме да ги решаваме“, изјави Шеќеринска, заменик претседател на СДСМ.

Опозиција на 11 декември ќе му се спротистави на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во два блока-здружен опозциски фронт и десница. За ова, според информациите на 24 вести, лидерот на партијата Заев ќе побара поддршка од Конгресот на СДСМ.

Анализите на терен покажале дека сепак десниот блок – во кој би биле партиите на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, ФРОДЕМ на Јове Кекеновски, ДС на Павле Трајанов подобро и поприродно  е на терен да се појават како посебен блок, надвор од фронтот што го создава СДСМ и Зорaн Заев.

Во фронтот пак на СДМС, според, партиски извори освен досегашните партнери, кои најверојатно, според проширувањето на предизборната коалиција ќе изгубат по некое пратеничко место, веќе учество договорила Лилјана Поповска и ДОМ, се преговара и со Левица, додека со Иван Величковски и ЛП, според истите извори се уште нема никаков контакт.

На денешниот конгрес на СДСМ ќе се вклучи и поранешниот претседател на СДСМ кој беше премиер во два мандати и во еден претседател на државата  Бранко Црвенковски. Тој јасно и недвосмислено ќе ја даде својата поддршка за новата платформа на партијата која ќе се одреди на овој 20-ти Конгрес. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

Tрансплантирана e коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете

Tрансплантирана e коска од починат дарител на два прста кај 13-годишно дете

СОФИЈА МОЛЧИ: Нема осуда за изјавата на Костадинов дека Македонија треба да се припои на Бугарија

СОФИЈА МОЛЧИ: Нема осуда за изјавата на Костадинов дека Македонија треба да се припои на Бугарија

ЈАНКУЛОСКА: Помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост

ЈАНКУЛОСКА: Помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост

НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ: Проверете дали во вашиот град има инфицирани

НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ: Проверете дали во вашиот град има инфицирани

(ГАЛЕРИЈА) МИЦКОСКИ ОД ВЕВЧАНИ: Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството да сум дел oд крневалот

(ГАЛЕРИЈА) МИЦКОСКИ ОД ВЕВЧАНИ: Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството да сум дел oд крневалот

ПАДНА СНЕГ, ВОЗДУХОТ Е ЗА НИЈАНСА ПОЧИСТ: Каде е најзагадено?

ПАДНА СНЕГ, ВОЗДУХОТ Е ЗА НИЈАНСА ПОЧИСТ: Каде е најзагадено?

ТУРЦИТЕ ДАЛЕКУ ПОБРОЈНИ ОД СРБИТЕ: Зголемен е бројот на странски туристи во Македонија

ТУРЦИТЕ ДАЛЕКУ ПОБРОЈНИ ОД СРБИТЕ: Зголемен е бројот на странски туристи во Македонија

ПОСТАРО ЛИЦЕ Е ЗАГЛАВЕНО ВО КОЧАНСКО: Службите прават напори за негово извлекување

ПОСТАРО ЛИЦЕ Е ЗАГЛАВЕНО ВО КОЧАНСКО: Службите прават напори за негово извлекување