Во која земја од регионот најбрзо растат платите: Погледнете каде е Македонија на листата
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2023
Податоците за просечната плата често ги користат политичарите кога зборуваат за сопствените успеси или за неуспесите на нивните претходници.
Во земјите од Балканот, овие бројки се понудени особено за време на изборните кампањи.
Просекот од 500 евра во Србија со години се споменуваше како цел што треба да се постигне, а конечно беше остварен во 2019 година.
Сегашната просечна плата од тоа е за околу 170 евра повисока.
Во некои земји на Балканот просекот е и понатаму под 500 евра, додека во некои е трипати поголем.
Словенија и Хрватска предничат со просечна заработка поголема од илјада евра, додека вработените во Албанија и Косово се уште добиваат помалку од 500 евра во просек.
Колкави се просечните плати во регионот?
Ајде да погледнеме колкав бил паричникот во регионот во последните десет години и кој постигнал најголем напредок во тој период.
Земјите кои се споредуваат се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија.
Босна и Херцеговина
Во Босна во 2012 година нето платата била околу 376 евра, а во декември 2022 година била исплатена просечна нето плата во износ од 608 евра.
Србија ја престигна БиХ по просечна нето плата за околу 70 евра.
Црна Гора
Просечната плата во Црна Гора во декември 2012 година била 495 евра, а во декември 2022 година 720 евра.
Албанија
Србија е подобра и во однос на платите во споредба со Албанија.
Албанија во 2012 година имала нето плата од 310 евра, а денес е 456 евра.
Македонија
Зад Србија каска и Македонија.
Просечната нето плата во 2012 година била 321 евро, додека денес е 558 евра.
Кој зема просек и кој заработува најмногу
Бројката за просечна заработка не е идеален показател за животот во една земја, бидејќи често ја црпи малцинство со високи плати.
Се зависи од дејноста, па така, на пример, ако се занимавате со кожарство во Хрватска, платата ви е околу 640 евра, само малку повеќе од просечната плата за Босна и Херцеговина, која е 602 евра.
Од друга страна, доколку сте во индустријата за производство на пијалоци во Хрватска, вашата просечна месечна плата е 2.070 евра, што е мистичната бројка која се споменува во Србија за платите на програмерите со средно искуство.
Во Косово највисоки плати има во снабдување со струја, гас, пареа и климатизација - 949 евра и во информации и комуникации - 757 евра.
Најниски просечни плати во Косово се во обезбедувањето сместување и услуги за храна - 281 евро.
Доколку преработувате дрва во Србија, просечната нето плата ви е 392 евра.
Ако го напишете кодот кој создава виртуелен лик кој обработува дрво во видео игра (компјутерско програмирање), вашата просечна плата е 2.186 евра.
Главните градови неприкосновени
Иако заработката доста варира, некои трендови сè уште се вообичаени за регионот.
Најмногу пари се заработуваат во главните градови.
Така, просечната плата во Загреб е 1.187 евра, што е за 15,38 отсто повеќе од националниот просек.
Во Белград просечната плата е 851 евро, што е дури за 27,37 отсто повеќе од просечната плата во Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.