Во Крушево 28, во Скопје 8 литри дожд
Објавено во: Македонија 31 Август, 2022 10:02
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, a Скопје е на четвртото место според мерните станици на УХМР.
До 8.00 часот изутринава во Крупево наврнале 28 литри на метар квадратен. Во Тополчани се измерени 12, 11 во Берово, 8 во Скопје на мерното место Зајчев Рид, 4 во Тетово и Попова Шапка, како и 3 во Маврово.
Времето денеска од попладне повторно ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




