Во Љубљана поставен првиот биткоин-банкомат
Објавено во: Мои пари 07 Септември, 2014 19:43
Банкомат за купување и продажба на виртуелната валута биткоин е поставен во петокот пред хотелот Слон во центарот на Љубљана, како прв во Словенија, а се верува и во регионот.
„На овој начин сакаме да го популаризираме користењето на биткоинот. Порастот на користењето на биткоинот е голем“, изјави Грегор Кнафелк, директорот на компанијата Греоком, која го поставила банкоматот, додавајќи дека со биткоинот може да се купува речиси се, од авиобилети па се до пица или хотелски смештај.
Продажбата и купувањето на биткоини во пробниот период ќе биде ограничена на две трансакции дневно, однoсно до висина од 40 евра, со 5-постотна провизија.
Следната недела во Љубљана се одржува дводневна конференција за биткоинот, со учесници од Словенија, Хрватска и Италија. Станува збор за луѓе од различни сфери, од претприемачи од start-up фимри до инвеститори, правници и претставници на државни установи, а ќе разговараат за предизвиците кои со себе ги носи виртуелната валута.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




