17 Декември, 2025
0.0620

Во мирување протестот во прилепскиот Мермерски комбинат

Објавено во: Економија 17 Септември, 2013 15:00

Добивај вести на Viber

 Вработените во рудникот „Сивец“ при Мермерскиот комбинат во Прилеп решија да го стават во мирување протестот и да почекаат деновиве да се сретнат со раководството на комбинатотот, информираат од Основната синдикална организација и од прилепскиот регионален синдикален совет.

Работниците од рудникот вчера престанаа со работа и реагираа на намалувањата во августовските плати по основ на варијабили, успешност, квалитет и норми во работата, што во платата учествува со 30  проценти. Платите во просек, велат од синдикатот, на поголем дел од 220. лица во рудникот била намалена за 10 до 15  проценти.

- Ќе почекаме кон крајот на неделата да го слушнеме ставот на извршните директори, па потоа да се види што ќе се прави, вели Симе Звездакоски, претседател на Основната синдикална организација.

Според Лазар Ангелески, претседател на прилепскиот регионален синдикален совет, Гранковиот синдикат за градежништво, индустрија и проектирање при ССМ, во разговорите со дел од управата во Мермерскиот комбинат во фирмата не се утврдени нормите.

- Иако од Комбинатот велат дека минатиот месец вработените не ги оствариле  зацртаните норми, всушност нормите не се ниту утврдени. Инаку, според податоците во август компанијата  остварила натфрлување на планот, како тогаш не биле остварени зацртаните норми. Во секој случај треба да се разговара со раководството, вели Ангелески.

Во Мермерскиот комбинат има вкупно 350-ина вработени од кои 220 се во рудникот „Сивец“.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди