06 Декември, 2025
0.0460

ВО НЕГОТИНО Е ТРЕТИРАНО: Стручни лица ќе проверат од Кавадарци до Гевгелија дали се раширил отровниот плевел

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2025 07:53

Добивај вести на Viber

Отровниот плевел Сребренолисен зрнец веќе е третиран во Неготино, но стручни лица од Здружението на граѓани Ековита од овој град, ќе работат во поширокиот регион, за да видат дали и таму е распространет. Повеќе активности на овој план најавуваат од идната недела.

Тој е опасен за животните и посевите и мора да се отстрани. Плевелот мора да го уништат стручни лица.

„Од следната недела очекуваме да почне да цвета бидејќи така најдобро се забележува, а поради ладното време се развлече периодот на цветање. Моментално е во вегетативна фаза. Само агроном или биолог може да го идентификува. Има зачетоци на цветови и очекуваме да се појави следната недела.  Во расцветана фаза многу појасно ќе се наоѓа и тогаш граѓаните ќе можат да го откријат и тогаш може да почне кампањата, тогаш ќе можеме да ја испитаме целата рута од Гевгелија до Кавадарци. За жариштето  во Неготино, физички е отстранет плевелот и испрскан со хербицид, додека второто жариште во Кавадарци доцни со вегетацијата и послабо се развива“, велат од Ековита.

По отстранување на минатогодишните суви изданоци на опасниот плевел Solanum elaeagnifolium, препознатлив по жолтите бобинки полни со семе, тимот на Ековита спроведе нова теренска акција насочена кон третман на младите изданоци во рана вегетативна фаза. Акцијата вклучуваше третирање со тотален хербицид во појасот од 1 метар од асфалтот на индустрискиот пат во Неготино, со цел уништување на надземните и подземните делови на плевелот, кој се размножува и преку семе и преку длабоки ризоми.

„Ваквиот пристап е неопходен бидејќи растението покажува висока регенеративна способност – дури и по косење или плитко вадење, се регенерира од остатокот на коренот. Целата операција беше спроведена под стручна контрола и менторство на проф. д-р Звонко Пацановски, експерт за инвазивни видови од Земјоделскиот факултет во Скопје. Според професорот, Solanum elaeagnifolium е еден од најопасните инвазивни плевели во регионот, со висок ризик за добитокот и земјоделските култури, поради присуството на токсични гликоалкалоиди – соланин. Третирањето на жариштето во Неготино го изврши дипл. инж. агроном Кристина Тодорова, проектен координатор на „Екомисија“, со примена на методологија препорачана од професорот – вклучувајќи внимателно набљудување на фазата на развој, избор на соодветен препарат и безбеден третман. Очекуваме во наредниот период растението да влезе во фаза на цветање, што значително ќе ја олесни неговата визуелна идентификација – благодарение на карактеристичните виолетови цветови. Оваа фаза е клучна за ефикасно мапирање на нови жаришта и навремено уништување, пред да започне формирање на плодови и ширење на семе“, вели агроном Кристина Тодорова, проектен координатор на „Екомисија“. 

Растението кое потекнува од Америка е отпорно на суша, има способност за брзо ширење преку ветер, вода, или слеп патник залепен на тркала на шлеперите.

„Професорот д-р Звонко Пацановски предупредува дека третманот мора да се спроведе пред фазата на зреење за да се намали ризикот од ново ширење. Следува мониторинг и мапирање на поширокиот регион од Кавадарци до Гевгелија, каде што според теренските индиции се можни нови жаришта. Кога ќе расцвета, ќе следи апел до граѓаните доколку го забележат веднаш да не информираат во Ековита. Заедно да го спречиме ширењето на овој плевел. На 13 мај во Неготино ќе се одржи завршен настан на проектот Екомисија каде ќе се прикажат досегашните резултати од акцијата за уништување на овој отровен плевел“, информира Тодорова. 

Овие активности се дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатска промена“, кој го имплементира Еко-свест, со финансиска поддршка од Шведска.

Овој плевел ги загрозува тревопасните животни, односно растението е отровно за добитокот, а неговите алкалоиди можат да предизвикаат невролошки нарушувања, и во крајна линија и смрт. Го уништува земјоделството така што брзо се шири и ги задушува локалните култури. Растението е отпорно на суша и неповолни услови, а неговото семе може да се разнесува преку ветер, вода и возила.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ

НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ

И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното

И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното

ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција

ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери

„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација

„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација

ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата

ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира

Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира