ВО НЕЈЗИНАТА БИОГРАФИЈА СТОИ И ДЕКА ЗБОРУВА МАКЕДОНСКИ - Анџела Прајс Агелер е новта амбасадорка на САД во Македонија
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2022 06:23
Новата амбасадорка на САД во Македонија е Анџела Прајс Агелер, која на оваа дипломатска функција ќе ја наследи Кејт Мери Брнз.
Претседателот Џо Бајден номинира нова амбасадорка, а како што соопштија од Белата Куќа, станува збор за дипломатката од кариера Агелер.
-Анџела Прајс Агелер е кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор во РС Македонија, соопштуваат од Белата куќа.
Агелер претходно службувала како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Исламабад во Пакистан, а пред тоа привремен вршител на должност амбасадор во Пакистан.
Во биографијата на Агелер стои дека порано работела како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција; Вршител на должноста главен заменик помошник државен секретар за Бирото за прашања од Јужна и Централна Азија и Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон, Д.Ц.; и, заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија.
Во својата кариера Агелер работела како службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје, Македонија и обавувала други должности во повеќе земји од Азија, Европа и Африка.
Таа дипломирала на Универзитетот во Јута, а наведено е дека зборува француски, македонски и хинди.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




